Заниоло на разговор со обвинителите: Нема докази за обложување на фудбалерот на Астон Вила?

Италијанските власти продолжуваат со истрагите околу илегално обложување од страна на познати фудбалери на Апенинскиот полуостров. Откако беа завршени истрагите со Николо Фаџоли од Јувентус (осум месеци суспензија) и Сандро Тонали од Њукасл (десет месеци неиграње), вниманието во истрагата сега е насочено кон Николо Заниоло, чие име беше објавено заедно со гореспоменатите при избивањето на скандалот.

Заниоло денеска допатува во Италија и даде исказ пред обвинителите, а неговите адвокати јасно ставија до знаење дека случајот на екс-фудбалерот на Рома е многу понаков од претходните два.

„Николо Заниоло одговори на сите прашања на овинителите, јасно ставајќи до знаење каква е неговата улога. Нема никаков доказ дека тој се обложувал на фудбалски натпревари, Заниоло призна дека повремено играл покер и блекџек на нелегални платформи, но тоа е единственото прекршување на правилата од негова страна. Тој никогаш не навлегол длабоко во овие води, не бил жртва на закани и заплашување, веруваме дека во најскоро време ќе биде затворен случајот против нашиот клиент“, објавија адвокатите на Заниоло.

Се вчитува...