Одбојкарите на Струмица претрпеа убедлив пораз од 3-0 во сетови од Нефтохимик Бургас, на почетокот од квалификацискиот турнир за место во Лигата на шампионите.
Ваквиот исход е сосема очекуван, особено откако струмичани не добија сертификати од ЦЕВ за настап на странски засилувања, кои воедно треба да бидат и клучни играчи во таборот на македонскиот првак оваа сезона. Со крајно ослабен тим, тренерот Ричлиев се обиде да извади максимум од своите играчи, но разликата во квалитет беше очигледна
Бургас делуваше импресивно од почеток до крај, па струмичани освоија само 13 поени во првиот, 11 во вториот и 15 поени во третиот сет.
Македноскиот шампион утре за противник ќе го има црногорскиот првак Будва, кој денеска во првото коло загуби со 3-1 од унгарски Капошвар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА