Ница е новиот лидер на табелата во францускиот шампионат откако оваа екипа славеше на гостувањето против Клермон со 0-1, прескокнувајќи ги ривалите за висок пласман.
Ница имаше одлична шанса да поведе во првото полувреме откако беше досуден пенал за гостите, но Лаборд не успеа да го совлада голманот од белата точка.
Фудбалерите на Ница продолжија да доминираат, не беше лесно да се искреираат стопроцентни шанси, но сепак успеаја да стигнат до трите бода откако Хичам Будауи стрелаше прецизно за 0-1, користејќи ја заспаноста на домашната одбрана по едно нафрлување од левата страна.
Ница сега има 22 бода, но и меч повеќе во однос на Монако со 20, ПСЖ со 18, Лил и Брест со по 15 бода…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА