Лесор по критиките од ПАО: Во Партизан имам браќа, кој сака нека ме разбере…

Матијас Лесор неочекувано се најде на удар на навивачите на Панатинаикос откако се појавија фотографии од неговиот видео-повик со екс-соиграчите од Партизан, веднаш по големата победа на „црно-белите“ на вечното дерби со Црвена Звезда.

Францускиот центар минатото лето го напушти Партизан и потпиша за ПАО, а приврзаниците на грчкиот гигант сметаат дека тој треба да остане максимално фокусиран на актуелниот тим.

„За жал, ја видов реакцијата на навивачите на Панатинаикос, но не обрнувам преголемо внимание. Во Партизан јас имам браќа, тоа не ми се само пријатели или поранешни соиграчи, туку браќа, луѓе со кои ќе се слушам за десет години, кога веќе нема да играме кошарка. Кога моите браќа победуваат, среќан сум за нив. Не сторив ништо лошо, седев дома, ми заѕвони телефонот и јас го прифатив повикот. Навивачите славеле, во таа еуфорија се сетиле на мене и решиле да ми се јават. Тоа е само доказ колку цврста врска постои меѓу нас, колку ме сакаат и почитуваат, тоа е обострано чувство… Пак ќе кажам, не сторив ништо погрешно, кој сака нека разбере“, изјави Лесор.

Тој возврати со извонредна партија во дресот на Панатинаикос, постигнувајќи 23 поени и 14 скокови во триумфот над Басконија.

Се вчитува...