Рома ќе биде сериозно ослабена за утрешното дерби со Интер откако Пауло Дибала отпадна од комбинација за настап на „Џузепе Меаца“. Аргентинецот се повреди пред реперзентативната пауза, во таборот на Рома се надеваа дека тој ќе може да биде „фит“ навреме за дуелот со Интер, но според последните информации таа трка е загубена.
Одличниот голгетер тренирал со топка во последните денови, тој не се жали на нова болка во повредениот мускул, но лекарскиот тим стравува дека со оглед на честите повреди на Дибала би можело да дојде до влошување на состојбата и долга пауза во наредниот период.
Мурињо ги прифатил лекарските сугестии и веќе е донесена одлука Аргентинецот воопшто да не патува за Милано, туку во Рим да продолжи со рехабилитација, со надеж дека ќе биде „фит“ за наредниот меч против Лече.
Целиот товар во нападот сега ќе падне врз Ромелу Лукаку, па останува да се види како ќе се снајде Белгиецот ако се земе во предвид пеколниот дочек што му го приредуваат навивачите на Интер на поранешниот напаѓач на „нероаѕурите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

