„Фит“ по повредите: Тројца првотимци на списокот на Чави за „Ел Класико“

Барселона ќе влезе значително засилена во денешното големо дерби против Реал Мадрид откако тројца првотимци ги надминаа проблемите со повредите и му се ставија на располагање на тренерот Чави.

Стратегот на каталонците веќе подолго време има проблеми со бројни отсуства, но одлично за него и за Барса е што Роберт Левандовски и Рафиња се враќааат за да го засилат нападот на оваа екипа, додека во одбраната повторно ќе се најде и Жил Кунде.

Овие тројца фудбалери се најдоа на списокот на Чави за денешното „Ел Класико“, а каталонските медиуми најавуваат дека најмалку двајца од нив ќе се појават од првата минута на теренот.

За разлика од нив, Педри, Де Јонг и Серџи Роберто ја загубија трката со времето и денешниот меч ќе го следат од трибините.

Се вчитува...