Силекс и Брегалница промашуваа, на крај за реми без голови во Кратово (ВИДЕО)

Силекс и Брегалница одиграа квалитетен дуел, типично прволигашки, со изразити шанси за погодок но не успеаја да реализираат по бројни промашувања на двете страни, на крај за реми без голови во првиот натпревар од 12. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Во првото полувреме Брегалница имаше можност за водство на Вебстер и Андерсон не реализираа по одлични шанси.

Во 42. минута од средбата Андерсон промаши буквално празен гол за водство на Брегалница, но не реализираше од неколку метри по корнерот од левата страна. Ситуација од која беше потешко да промаши.

Силекс, пак, во второто полувреме беше многу поблиску до трите бода, но не искористи неколку идеални можности за триумф.

Марко Ѓорѓиевски не искористи две 100% шанси за домашните. Најпрво од само неколку метри шутираше над голот на гостите по одбиената топка од голманот на Брегалница Давков, а потоа во 75. минута со глава ја погоди и гредата од голот на штипјани откако сите ја видоа веќе топката во голот.

На крај за поделба на бодовите во дербито на Истокот.

ПМФЛ – 12. КОЛО

Кратово: СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА 0-0

УТРЕ (13 ч.)

Скопје: ВАРДАР – АП БРЕРА

Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ

Гостивар: ГОСТИВАР – СТРУГА ТЛ

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ

Тетово: ШКЕНДИЈА – ВОСКА СПОРТ

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...