Челси пак шокиран, Брентфорд се чувствува како дома на „Стемфорд бриџ“

Челси се врати на губитнички патеки во Премиер-лигата, и тоа со неуспех на домашен терен од Брентфорд (0-2), уште еден доказ дека пред Маурицио Покетино е уште многу работа ако сака да ги направи „сините“ победничка машинерија како што тоа беше случај до пред неколку години. Брентфорд пак уште еднаш покажа зошто Челси му е омилен противник, и тоа на „Стемфорд бриџ“ ако се знае дека овој тим славеше на трите гостувања во арената на Челси во последните три години.

„Сините“ можат да жалат за пропуштешните шанси во првото полувреме, кога најпрвин Мадуеке, а потоа и Стерлинг не успеаја да стрелаат во мрежата. Брентфорд имаше убава шанса на стартот од вториот дел, тогаш Санчез одбрани, но голманот на Челси беше немоќен при обидот на Пинок, кој одлично натрча од позадина по центаршот на Ембуемо.

Очекувано, Челси тргна во целосна офанзива, по еден корнер во судиското продолжение во противничкиот шеснаесетник се најде и голманот Санчез, но Брентфорд го искористи тоа и со одличен контранапад стави печат на победата со гол на Ембуемо.

Се вчитува...