Маестро Хари Кејн – гол од половина терен против Дармштад (видео)

Хари Кејн продолжува да ја демонстрира својата класа во дресот на Баерн Минхен, по неверојатниот погодко што англискиот ас го постигна на дуелот со Дармштад.

Резултатот веќе беше 4-0 за Баерн по четирите гола постигнати во вториот дел, кога Кејн прифати една топка на средина од теренот и од својата половина испрати проектил, гостинскиот голман се обиде да стигне, но топката под гредата заврши во мрежата.

Фантастичниот гол на Хари Кејн од над 50 метри можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...