Барса и цела Каталонија му се поклонија на „кралот“ – Џуд Белингем

Реал Мадрид успеа да излезе како победник од првото вечно дерби против Барселона, и тоа на гостински терен среде Каталонија славејќи над големиот ривал со 1-2. „Кралевите“ долго време беа во негатива, но затоа во своите редови го имаат Џуд Белингем, кој со два гола донесе целосен резултатски пресврт. Англиската суперѕвезда со своето маестрално издание стигна до десет голови во Ла Лига сезонава, нанесувајќи го првиот пораз на Барселона во Примера.

Дуелот почна идеално за каталонците, откако по само шест минути игра Барселона дојде до водство од 1-0, откако Гундоган ја искористи збунетоста на противничките дефанзивци, втрча во шеснаесетникот и го матираше Кепа. „Кралевите“имаа многу среќа бидејќи ударот на Ферман заврши во дирекот, а Барселона и на почетокот од второто полувреме ја затресе рамките од голот на Кепа, но не успеа да ја удвои предноста.

Чави во второто полувреме ги уфрли во игра и Левандовски и и Рафиња за да го засили нападот, но овој дел од мечот мина во знакот на Џуд Белингем. Англискиот ас најпрвин со проектил од 25 метри стрелаше прецизно за израмнување на 1-1, а потоа блесна и во судиското продолжение, мајсторски снаоѓајќи се и совладувајќи го по вторпат Тер Штеген, за конечни 1-2 и огромна радост на гостите од Мадрид.

Реал Мадрид сега е на делба на првото место заедно со Џирона со по 28 освоени бода, четири повеќе во однос на Барселона.

Се вчитува...