Нојер по камбекот: Знаев дека ќе се вратам, никогаш не помислив на пензија

Мануел Нојер чекаше повеќе од 300 дена, но конечно дочека – ги надмина сите проблеми со повредите и се врати на голот на Баерн Минхен. Искусниот голман се појави во стартниот тим на денешниот меч со Дармштад, бурно поздравен од навивачите на баварскиот гигант на кои им возврати со неколку одлични интервенции.

Нојер веќе има 37 години, но во изјавата по мечот обелодени дека во ниту еден момент не помислил на завршување на кариерата, и покрај тежината на повредата при кршењето на ногата во декември минатата година.

„Одамна не сум бил волку среќен по еден натпервар. Среќен сум што тоа се случи токму на Алијанц Арена, пред нашите верни навивачи. Бев малку нервозен, онаа позитивна трема, но се мина во најдобар ред. Отсекогаш знаев дека ќе се вратам, пензија не беше опција во ниту еден момент, работев напорно за да дојде овој ден и повторно да застанам на голот на Баерн Минхен“, истакна Мануел Нојер.

Се вчитува...