Лајпциг како брз врз го прегази Келн

ЛАјпциг ја прекина серијата од две нерешени средби во Бундес-лигата, враќајќи се со стил на победнички патеки, триумфирајќи со убедливи 6-0 над Келн. Видно мотивирани од првата минута, домашните фудбалери целосно го надиграа својот противник, победата практично осигурувајќи ја уште во првото полувреме.

Тимо Вернер го отвори резулатот од пенал, а потоа на сцена стапи Опенда со два погодоци, еднаш погоди и Раум, па на одмор се замина со убедливи 4-0 за домаќините.

Мрежите долго мируваа во второто полувреме, за Лајпциг сепак да постигне уште два погодоци во самиот финиш, на 5-0 зголеми Словенецот Шешко, а конечните 6-0 со прекрасен гол од околу 25 метри ги постави Баумгартнер.

Се вчитува...