Гостивар веќе не е „неосвоива тврдина“, пораз и од Феникс

Гостивар долги години важеше за еден од најжешките терени во кошаркарската Прва лига, но тоа повеќе не е случај откако „сино-белите“ врзаа два пораза во низа пред своите гледачи. Откако пред две седмици беа демолирани од Еуро Никел, гостиварци денеска потфрлија и против Феникс, губејќи со резултат 63-66.

Феникс дефинитивно ја надмина кризата од стартот на сезоната, скопскиот клуб игра се подобро и успеа да врзе неколку добри партии во низа. Вечерашниот натпревар беше израмнет до самиот крај, но гостите од Скопје покажаа повеќе зрелост во клучните моменти. По израмнетите 58-58 тимот на Феникс успеа да се одлепи, да поведе со 58-65 и да си го трасира патот до победата.

Кларк и Рис постигнаа по 16 поени за победничкиот состав, Бојан Трајковски имаше 13 поени и 7 скокови, додека Митевски со 18 поени ги предводеше стрелците кај Гостивар.

Се вчитува...