Невидена драма: ВАР му поништи два гола, но Јуве ја победи Верона со погодок во 97. минута

Јувентус во неверојатно драматичен натпревар славеше над Верона со 1-0, за нови три бода со кои „старата дама“ ја продолжува трката за највисок пласман во Серија А. „Црно-белите“ долго се мачеа, имаа и два поништени погодоци со ВАР, за на крајот да стигнат до цел плен со голот што го постигна „резервистот“ Камбијасо во 97. минута.

Првиот погодок беше ремек-дело на Кеан од дваесетина метри, но истиот беше поништен поради милиметарски офсајд. Јуве продолжи да напаѓа, промаши неколку убави шанси, а потоа во вториот дел повторно стрелаше прецизно преку Кеан. Овојпат голот беше поништен поради прекршок од Кеан на средина од теренот на самиот почеток од акцијата, а реакцијата на фаулираниот фудбалер на Верона најдобро говори колку бил сериозен тој старт.

И кога сите очекуваа крај, Јувентус во 97. минута конечно стигна до триумф, Милик скокна највисоко, топката удри во дирекот и се врати во поле, а Камбијасо натрча и од половина метар ја смести во мрежата, на огромно задоволство на домашните навивачи на „Алијанц Арена“ во Торино.

 

Се вчитува...