Ферари и Рикардо ги шокираа сите во Мексико, дури трета позиција за Ферстапен во квалификациите

Шарл Леклер, вторпат по ред, ја освојува пол позиција во Ф1 натпреварувањето па возачот на Ферари ќе стартува денеска од 21 часот од пол позицијата за Големата награда на Мексико.

Феноменалните квалификации за Ферари ги дополни и Карлос Сајнс кој ќе стартува од второто место, а од третата позиција ќе тргне вечерва Макс Ферстапен.

Леклер дојде до својата 22-ра пол позиција со што се изедначи со Фернандо Алонсо по овој параметар. Се чини дека ни возачите на Ферари не очекуваа вакво нешто по неубедливите слободни тренинзи. Уште ако се земе во предвид дека Мексико никако не му одговара на Ферари, тогаш оваа пол позиција и тоа како е вредна. Ферари долго во Мексико не се нашол на подиумот, па ова е шанса да ја прекине таа негативна серија.

Феноменални квалификации имаше и Даниел Рикардо кој трката ќе ја стартува од четвртото место, додека домашниот возач Серхио Перез разочара, квалификациите завршувајќи ги на петтата позиција.

Понатаму до десеттото место следат Хамилтон на шестата позиција, па Пијастри, Расел, Ботас и Џоу.

Факте дека висок резултат има Валтери Ботас кој е меѓу првите десет, како и Рикадо, кој на минатата трка се врати во болидот по повредата на зглобот и сега успеа да мине во третата сесија квалификации.

Се вчитува...