Хаос во Колумбија: Киднапирани родителите на ѕвездата на Ливерпул – мајката пронајдена

И понатаму трае драмата со родителите на фудбалерот на Ливерпул Луис Диаз кои беа киднапирани изминативе денови во неговата родна Колумбија.

Како што информираше претседателот на кантонот, Густаво Петро, неговата мајка е пронајдена и спасена на северот од земјата, но полицијата и понатаму трага по неговиот татко.

Колумбиското државно обвинителство претходно соопшти дека собрани се тим истражители кои трагаат за брачната двојка во Баранкоса, општина во северната колумбиска провинција Ла Гвахира. Полицијата потврди дека неговата мајка, Силенис Маруланде е спасена.

Диаз во Колумбија играше за Баранкиља и за Атлетико јуниор, а за репрезентацијата на Колумбија има одиграно 43 натпревари и постигнато девет гола.

Се вчитува...