Вардар по нови бодови важни во битката за опстанок денеска од 13 часот против АП Брера во 12. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Повеќе од интересна битка се очекува на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, ако се знае дека „вардарци“ ќе сакаат и реванш за поразот во Струмица во првиот круг од шампионатот.
Сепак, и во таборот на АП Брера посакуваат конечно крај на лошата низа резултати, со триумф во обидот повторно да зачекорат кон врвот од табелата.
„Знам дека ќе биде уште еден тежок натпревар за нас, бидејќи тие имаат многу играчи со големо искуство. Исто така знаеме дека имаат многу поддржувачи кои ќе ги бодрат и затоа за нас ќе биде уште поголем предизвик. Мислам дека нашите играчи се подготвени, ние сме веќе два натпревари сме во игра. Играчите се спремни, не се уморни, се подготвуваме за овој натрпевар со ентузијазам. Јас мислам дека ќе одиграме добар натпревар. Се надеваме на победа, но ќе знаеме утре после натпреварот. За сигурно, овој натпревар нема да биде лесен имам гледано многу натпревари на Вардар против други тимови, тие играат добро се борат до крај и имаат многу шанси за до освојуват бодови. Дури и да не постигнат бод, тие се квалитетна екипа а ние ќе играме добро и пак ќе кажам натрпеварот нема да биде лесен“ – вели тренерот на АП Брера, Валенти
Во утрешниот натпревар нема да настапат Врдољак и Ристевски заради жолти картони. Но стручниот штаб на Брера веќе го концепира составот кој ќе се спротистави на Вардар чија публика и навивачи ќе бидат и предизвик за нашиот состав.
„Знаете, мислам дека тоа е фантастично. Сакам кога можам да осетам притисок од поддршката дури и кога не е на наша страна, кога е за другата екипа. Бидејќи фудбалот е тоа. Се се врти околу притисокот, да се изменаџира ситуацијата. Мислам дека ќе имаме повеќе енергија благодарение на нивната публика која ќе ги поддржува. Бидејќи ќе чувствуваме поголем предизвик а кога имате поголем предизвик енергијата е поголема“ – дополнува Валенти.
Работнички, пак, во скопската пресметка му гостува на Шкупи на Чаир. Искусниот дефанзивец Егзон Белица вели дека атмосферата е одлична по елиминацијата на Шкендија во осминафиналето на Купот.
„Ова е несомнено тежок натпревар за нас, но максимално сме мобилизирани, а овој тим на Работнички можеби досега и покажа дека подобро реагира кога пред себе има посериозен предизвик. Впрочем, на почетокот на првенството и покажавме дека можеме да победиме и против Шкупи. Доаѓаме по еден жесток натпревар во Купот против Шкендија, а интересно е дека во четвртфиналето ќе се сретнеме повторно со Шкупи. Сега сме фокусирани на првенствената пресметка, Чаир е тежок терен, но истовремено ги нуди и сите услови за надигрување. Верувам дека ќе бидеме на потребното ниво и очекувам наша добра игра и резултат што ни одговара“ – коментира Егзон Белица.
ПМФЛ – 12. КОЛО (денеска, 13 ч.)
Скопје: ВАРДАР – АП БРЕРА
Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
Гостивар: ГОСТИВАР – СТРУГА ТЛ
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ
Тетово: ШКЕНДИЈА – ВОСКА СПОРТ
ВЧЕРА
Кратово: СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

