Објавени снимки од киднапирањето на родителите на Луис Диаз (ВИДЕО)

И понатаму трае драмата со родителите на фудбалерот на Ливерпул Луис Диаз кои синоќа беа киднапирани во неговата родна Колумбија.

Како што информираше претседателот на кантонот, Густаво Петро, неговата мајка е пронајдена и спасена на северот од земјата, но полицијата и понатаму трага по неговиот татко.

Дел од колумбиските медиуми објавија и снимки од киднапирањето на кои се гледаат вооружени напаѓачи на мотоцикли и возилото во кое наводно се наоѓаат родителите на Дијаз. Напаѓачите го запреле автомобилот и потоа заминале во непознат правец…

Колумбиското државно обвинителство претходно соопшти дека собрани се тим истражители кои трагаат за брачната двојка во Баранкоса, општина во северната колумбиска провинција Ла Гвахира. Полицијата потврди дека неговата мајка, Силенис Маруланде е спасена.

Се вчитува...