Спасен е и таткото на фудбалерот на Ливерпул, Луис Диаз, по киднапирањето синоќа во неговата родна Колумбија.
Според последните официјални информации од Колумбија, полицијата успеала да го лоцира местото на киднаперите па во меѓусебна пресметка убиени се и двајцата киднапери и ослободен е таткото на ѕвездата на Ливерпул.
Како што е познато, претходно најпрво беше пронајдена и спасена неговата мајка по што се продолжи со потрагата по таткото кој сега е исто така спасен.
Дел од колумбиските медиуми објавија и снимки од киднапирањето на кои се гледаат вооружени напаѓачи на мотоцикли и возилото во кое наводно се наоѓаат родителите на Дијаз. Напаѓачите го запреле автомобилот и потоа заминале во непознат правец…
Se conocen las primeras imágenes del vehículo en el que se movilizaban los papás de Luis Díaz y los presuntos secuestradores en moto. https://t.co/if1kX8q65f pic.twitter.com/sl6mlfV0Qa
— Revista Semana (@RevistaSemana) October 29, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

