Фудбалерите на Вардар први доаѓаат до предност на денешните натпревари од 12. коло во Првата македонска фудбалска лига, и тоа во пресметката против АП Брера на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.
Голема грешка на дефанзивецот на АП Брера, Агрон Руфати која мајсторски ја искористи младиот Азер Омерагиќ уште во 7. минута за водство од 1-0.
Изби сам Омерагиќ пред голот на гостите, по пропустот на 20 метри на Руфати, па со мајсторски шут ја погоди мрежата на струмичани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

