Гостивар го шокираше шампионот, Вардар, Шкупи и Македонија ЃП со предност на полувремето (ВИДЕО)

Вардар има водство од 1-0 против АП Брера на полувремето од 12. коло во Првата македонска фудбалска лига, во кое вистинско изненадување низ првите 45 минути приредува Гостивар со водството од 2-0 против шампионот Струга ТЛ.

Голема грешка на дефанзивецот на АП Брера, Агрон Руфати која мајсторски ја искористи младиот Азер Омерагиќ уште во 7. минута за водство од 1-0.

Гостивар го шокираше шампионот Струга ТЛ со предност на полувремето од 2-0. Домашните до водство дојдоа со мајсторскиот погодок на Кехинде во 36. минута кој одлично се снајде во гостинскиот шеснаесетник.

Веќе во 44. минута извонредно соло мајсторија и на Алпер Потук кој стрела за 2-0…

И Шкупи има предност на полувремето против Работнички од 1-0 со голот на Куевен во 41. минута.

Предност во Ѓорче Петров има и Македонија ЃП која води со 1-0 со голот на Јован Попзлатанов во 33. минута од натпреварот.


ПМФЛ – 12. КОЛО (прво полувреме)
Скопје: ВАРДАР – АП БРЕРА 1-0
Омерагиќ 7′
Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 1-0
Куевен 41′
Гостивар: ГОСТИВАР – СТРУГА ТЛ 2-0
Кехинде 36′, Потук 44′
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ 1-0
Попзлатанов 33′
Тетово: ШКЕНДИЈА – ВОСКА СПОРТ 0-0
ВЧЕРА
Кратово: СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА 0-0

Се вчитува...