Димитријевиќ со осум поени и седум асистенции во новата победа на Уникс Казањ

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ запиша нова победа со Уникс Казањ во ВТБ лигата, триумфирајќи со 72-82 против Автодор Саратов.

Гостите од самиот почеток на мечот ја презедоа контролата на резултатот во континуитет одржувајќи предност, на крај за заслужена победа.

Димитријевиќ одигра нешто помалку од 28 минути, притоа запишувајќи 8 поени со шут 2/9 од поле и 4/4 од линијата за слободни фрлања, притоа сето тоа  дополнето и со седум асистенции, една украдена топка и пет скока.

Најефикасен во победничкиот тим беше Џејлен Рејнолдс со 27 поени, а Маркос Најт запиша 22 поени.

Се вчитува...