Сити е фудбалски владетел на Манчестер. Мина времето кога „црвените ѓаволи“ царуваа на Островот. Сега очигледно е време на „граѓаните“ кои убедливо на „Олд Трафорд“ со 0-3 славеа во дербито на 10. коло во Премиерлигата.
Апсолутно никакви шанси немаа момците на Тен Хаг против далеку порасположените избраници на Пеп Гвардиола, а посебно извонредниот Халанд.
Токму норвешкиот репрезентативец со голот од пенал во 26. минута ја најави победата, за да веќе во 49. минута донесе и 0-2 за својот тим.
Конечните 0-3 ги постави Фоден во 80. минута а на асистенција на Халанд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

