Македонскиот олимпиец Дејан Георгиевски поради повреда не можеше да се бори за златот на Г1 турнирот во Букурешт, на крајот освојувајќи го сребрениот медал.
„Поради повреда го откажавме финалето и не освоивме трето злато на Г1 за нешто повеќе од еден месец. Се надеваме дека снимката на шаката нема да покаже посериозна повреда. Во полуфиналето Дејан речиси две рунди се бореше со повредена рака, и го победи еден од најдобрите таеквондисти во светот“ – информираа од Македонската таеквондо федерација.
Претходно Георгиевски забележа три победи на патот до финалето, сите три со 2-0 во рунди, против Мануел Полет од Белгија, против Харбар Андриј од Украина и во полуфиналето против еден од најдобрите теквондисти на планетата Емре Кталмиш од Турција кој е главен претендент за златен медал на олимписките игри во Париз.
„Овој спортски или олимписки подвиг кој го покажува Дејан Георгиевски ни од блиску не е забележан откако Македонија е самостојна држава. За само два месеци тој од четири настапи на официјални олимписки турнири Г1, освои четири медали, две златни и две сребрени“ – порачаа од Македонската таеквондо федерација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

