Вториот тим на Е. Пелистер во второто полувреме едвај го „скрши“ Скопје

Со подобро одиграно второ полувреме ракометарите на Е. Пелистер 2 дојдоа до победа од 26-33 на гостувањето против Скопје во 9. коло од Групата А во Суперлигата на Македонија.

Првото полувреме мина во максимално израмнет ракомет, на крај добивајќи го гостите со само еден гол разлика, 13-14.

Сепак, во второто полувреме битолчани почнаа да играат далеку посигурно во нападот и поагресивно во одбраната за заслужена победа на крајот од седум гола разлика.

За Е. Пелистер ова трета победа во деветиот натпревар, а Скопје останува на последната позиција на табелата со само едно реми и осум порази.

Се вчитува...