Хорор-сцени од Холандија: Бас Дост се сруши среде терен, натпреварот прекинат (ВИДЕО)

Немили сцени од срцето на Европа, од натпреварот меѓу АЗ Алкмар и НЕЦ Нијмиген во шампионатот на Холандија.

Поранешниот напаѓач на Волфсбург, Ајнтрахт Франкфурт и Спортинг, и актуелен голгетер на НЕЦ Нијмиген, Бас Дост се бори за живот.

34-годишниот фудбалер се сруши на терен на центарот од игралиштето во финишот на мечот, по што натпреварот беше прекинат по десеттина секунди откако беше јасно дека нешто не е во ред.

Веднаш околу него се создаде човечки штит, лекарскиот тим успеа да го реанимира и по десеттина минути на носила беше изнесен од теренот. За време не излегувањето, Дост ја подигна раката што беше знак дека се чувствува добро на олеснување на сите на стадионот.

Натпреварот беше прекинат при резултат од 1-2 за гостите, откако фудбалерите на НЕЦ немаа сили да продолжат со игра, а од АЗ Алкмар го поддржаа нивниот предлог натпреварот да се прекине.

Се вчитува...