Атлетико му „дише во врат“ на Реал, триумф над Алавес (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид продолжува со трката за врвот со Реал Мадрид откако славеше во 11. коло од Ла Лига со 2-1 пред своите навивачи против Алавес.

Атлетико трите бода си ги обезбеди со двата гола уште во првото полувреме. Најпрво погоди Рикелме во 26. минута, а потоа Мората зголеми на 2-0 во 45. минута.

 

Алавес во 96. минута преку Гуевара постигна само погодок за чесен пораз на крајот.

Се вчитува...