Гвардиола го изнафали Силва: Тој е посебен, интелигентен, скромен, нема тетоважи…

Дербито за Манчестер донесе убедлива победа на Сити на „Олд Трафорд“ од 3-0 во натпревар во кој блесна Ерлинг Халанд со два гола и една асистенција. По средбата во фокусот се најде Норвежанецот кој сепак се обиде вниманието да го префели кон херојот од сенка, Бернардо Силва.

Португалецот кој е незаменлив дел од тимот имаше одличен натпревар за кој говореше и тренерот Пеп Гвардиола.

„Можам најмалку десет минути да говорам колку ни значи и мене и на целиот Сити. Тој е феномен. Сите сме заљубени во него и летото бевме преплашени за да него загубиме. Тој е незаменилив. Еден од најдобрите играчи кои сум ги видел. Обожава да игра на „Олд Трафорд“, не се сеќавам на ниту еден лош натпревар тука. И сега беше на врвно ниво. Имав среќа да водам многу неверојатни играчи, но тој е посебен. Така интелигентен, паметен… тој е и фантастичен човек. Вози скромен автомобил, нема тетоважи, обетки, облеката му е најобична“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...