Инфантино: Инциденти како тој во Марсеј не смеат да се повторат

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино  го осуди инцидентот во кој пред натпреварот помеѓу Олимпик Марсеј и Лион беше каменуван автобусот на Лион.

Инфантино порача дека „во фудбалот апсолутно нема место за насилство“.

„Ваквите настани, како оние што се случија во Марсеј пред натпреварот од Лига 1 меѓу Марсеј и Лион, немаат место во нашиот спорт или во нашето општество и апелирам до надлежните органи да се погрижат да бидат преземени соодветни мерки“, напиша Инфантино.

Дерби натпреварот од десеттото коло на францускиот фудбалски шампионат меѓу Марсеј и Лион беше откажан откако автобусот на Лион беше каменуван на пат кон стадионот Велодром, при што беше повреден тренерот Фабио Гросо.

Се вчитува...