Вечерва во Париз ќе биде доделена „Златната топка“ за најдобриот играч на светот минатата година, а доколку нема големи изненадувања и пресврти таа повторно ќе му припадне на Лионел Меси.
Медиумите ширум светот тврдат дека протекле резултатите од гласањето и дека оваа награда ја добил капитенот на репрезентацијата на Аргентина, кој го освои Светското првенство во Катар.
Поранешниот играч на Барселона беше прогласен за најдобар играч на Светското првенство, каде постигна седум гола и забележа три асистенции. А, покрај тоа, го освои и францускиот шампионат со Пари Сен Жермен, каде постигна 21 гол со 20 асистенции на 41 натпревар.
Негови конкуренти во трката за најпрестижниот индивидуален трофеј во фудбалот се Ерлинг Халанд од Манчестер Сити и Килијан Мбапе, првотимецот на ПСЖ.
Церемонијата на доделување треба да започне во 20.45 часот во главниот град на Франција, бидејќи ја доделува локалниот магазин „Франс фудбал“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

