Раководството на Манчестер сити е подготвено да го продаде англискиот репрезентативец Калвин Филипс веќе во зимскиот преоден рок, но со обештетување од 55 милиони евра, пренесуваат британските медиуми.
Филипс минатата година пристигна во Манчестер сити од Лидс за 45 милиони евра. Сепак, англискиот фудбалер не успеа да избори место во првиот тим под водство на Пеп Гвардиола.
Играчот од средниот ред е незадоволен од својот статус во редовите на актуелниот европски шампион, поради што е подготвен да го напушти клубот од Манчестер. Тој оваа сезона одигра само пет натпревари за Манчестер Сити.
За Филипс интерес покажаа Њукасл, Ливерпул и Баерн, а британските медиуми наведуваат дека англискиот репрезентативец најмногу би сакал кариерата да ја продолжи во клуб од Премиерлигата. Филипс за репрезентацијата на Англија одигра 30 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

