Јувентус во следниот период ќе мора да се снајде без услугите на Тимоти Веа кој на натпреварот против Верона доживеа повреда на мускулот на десниот бут, потврди и клубот од Торино.
Дваесетитригодишникот го очекува пауза од неколку седмици што значи дека нема да биде дел од тимот за престојните натпревари против Фиорентина и Каљари со надеж за тренерот Алегри дека ќе биде подготвен за дербито против Интер закажано за 26. ноември.
Medical Update | Timothy Weah ⤵️
— JuventusFC 🇬🇧🇺🇸 (@juventusfcen) October 30, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

