Баерн Минхен два натпревари нема да може да смета на германскиот репрезентативец Џошуа Кимих.
Искусниот фудбалер минатиот викенд заработи исклучување против Дармштад и затоа е под суспензија. Интересно е што тој заработи црвен картон по само четири минути игра, додека гостите од Дармштад го завршија мечот со девет играч. Баерн стигна до голема победа од 8-0 и со тоа ја продолжи трката за нова титула.
Кимих поради овој црвен картон ќе ги пропушти натпреварите со Борусија Дортмунд и Хајденхајм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА