Венеција му прави проблем на Партизан за бразилското засилување

Шампионот на АБА лигата Партизан се чини дека не завршил се кога е во прашање доаѓањето на новиот кошаркар Бруно Кабокло.

Според информациите, Кабокло е многу блиску до преминување во Партизан, но се уште не е постигнат договор со Венеција која ги има правата на овој играч. Имено, Венеција бара од Партизан да плати милион евра за Бразилецот, па италијанскиот тим да го пушти Кабокло во редовите на „црно-белите“.

Во договорот што го има со Венеција, Кабокло договорил плата од 800.000 евра за две години, која со одредени бонуси може да се искачи и до милион евра. Според пишувањата на локалните медиуми, никој од редовите на „црно-белите“ не контактирал со тимот на Венеција.

Бразилецот и направи многу проблеми на Венеција, бидејќи не сакаше да игра за овој тим ниту по цена на суспензија.

Се вчитува...