Македонската женска селекција повторно загуби од Косово, постигнат барем прв гол во Лигата на нации

Македонската женска фудбалска репрезентација доживеа пораз и во третиот свој натпревар од Лигата на нациите.

Избраничките на Кирил Изов во 3. коло загубија на гостувањето од Косово со 3-1.

Домаќинките уште во 7. минута со голот од пенал на Халилај ја најавија победата. Мемети во 14. минута зголеми на 2-0, а Бикај во 34. минута веќе донесе и 3-0. Во второто полувреме далеку поквалитетна игра на Македонија која беше крунисана со почесен погодок на Оливера Цоклеска во 90. минута за 3-1.

Претходно, како што е познато, Македонија доживеа и два домашни порази од Бугарија (0-1) и од Косово (0-2).

Се вчитува...