Еве како Кристијано Роналдо реагираше на освојувањето на Меси на Златната топка

Лионел Меси во понеделникот осми пат во кариерата ја освои Златната топка, награда за најдобар фудбалер на сетот. Сепак, добра листа на љубителите на фудбалот сметаат дека Аргентинецот не ја заслужил оваа награда, туку требало да замине во рацете на Ерлинг Халанд.

Таков став изрази и шпанскиот новинар Томас Ронкеро, а неговиот видеозапис го коментираше и Кристијано Роналдо.

„Поздрав пријатели. Се случи она кое сите знаевме дека ќе се случи, му дадоа на Меси уште една Златна топка. Тој замина да се пензионира во Мајами, иако веќе се гледаше дека е пензиониран додека се подготвуваше за Светското првенство. Да, освои Светско првенство, но со шест пенали. СП беше пред 10 месеци, сега сме октомври“, изјави во видеото кое шпански АС го објави на Инстаграм.

Објавата на АС ја коментираше и Кристијано Роналдо, долгогодишниот ривал и сопственик на пет Златни топки. Роналдо во коментарот стави само четири емоции кои се семат, а многумина го окаректеризираа како да се потсмева на тоа што Меси дојде до уште една Златна топка.

Се вчитува...