Агонијата на Шалке продолжува и во Купот, во „аут“ и Келн

Катастрофално лошата сезона за Шалке продолжува со елиминација во Купот на Германија. Некогаш славниот тим и поранешен освојувач на Купот на УЕФА, и редовен учесник во Лигата на шампионите испадна од Сент Паули во 1/16 финалето. На Шалке не му оди ниту во првенството, каде што се наоѓа во зоната за испаѓање со 10 бода од 11 натпревари.

И покрај тоа што имаше предност, сепак, Сент Паули во вториот дел успеа да израмни, а во продолжението и да дојде до победата.

Вечерва од Бундеслигашите испадна и тимот на Келн. „Јарците“ загубија од второлигашот Кајзерслаутерн со 3-2. Домашниот тим о 65. минута имаше предност од 3-0, додека во финишот Келн стигна до 3-2, но откако доби црвен картон, веќе беше јасно дека ќе се прости од Купот.

Во следната фаза продолжува Борусија Менхенгладбах која го совлада Хејденхајм со 3-1.

Се вчитува...