Потресна приказна на новиот тренер на Ајакс: Бев на погреб на сопругата кога ми се јавија…

Кризата во Ајакс продолжува, а и оние најопитмистичните не гледаат светло во крјот на тунелот. Гигантот од Холандија кој 36 пати ја освојуваше титулата, се наоѓа на дното на табелата со само пет бодови од осум одиграни натпревари.

Цената поради лошите резултати, отказ доби сега веќе поранешниот тренер Морис Стејн, кој освојуваше 0,9 бода по натпревар, додека неговиот претходник Џон Хејтинга преку 2 бода по меч.

Поради тоа во Ајакс се надеваат дека новиот тренер Џон ван’т Схип ќе ја поправи ситуацијата.

Ван’т Схип голем дел од кариерата мина токму во Ајакс, а најзначајно тренерско искуство му е како селектор на Грција, каде беше две години. Тој веднаш прифати да го води Ајакс, иако околностите биле далеку од идеални кога го повикале. Тој бил на погреб на сопругата Даниеле Онк, која на 10. октомври ја загуби битката со ракот на дојка.

„Повикот од Ајакс го доби кога бев во Атина, со семејството на погреб на мојата сопруга. Помеѓу редови ме прашаа како се чувствувам. Порано разговарав со сопругата, и аа ми кажа дека морам тоа да го сторам. Затоа оваа одлука беше лесна, мојата сопруга „од горе“ ми даде зелено светло за Ајакс, знам дека е со мене“, рече Схип.

Се вчитува...