Вардар едно полувреме се бранеше, па „потопен“ во Струга со четири гола во вториот дел (ВИДЕО)

Фудбалерите на Струга ТЛ максимално ја оправдаа фаворитската улога и убедливо со 4-0 го совладаа Вардар пред своите навивачи во заостанатиот натпревар од 5. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Стружани до победата дојдоа во второто полувреме кога ги постигнаа сите три погодоци на мечот. Може да жалат што немаат предност уште по првите 45 минути ако се знае дека имаа најмалку четири 100% шанси за погодок, кои не ги реализираа Ибраими, Мазрекај и Радески.

Сепак, по многуте шанси во првото полувреме, стружани во вториот дел целосно го скршија отпорот на гостите. Шампионот дојде до водство во 56. минута по убавата акција крунисана со гол од страна на Бесарт Ибраими.

А, во 75. минута по нова убава акција а на асистенција на Ибраими, Ментор Мазрекај откосо шутираше погодувајќи за водство и од 2-0.

Веќе в0 84. минута капитенот Таири зголеми на 3-0 лесно зафатувајќи една топка на самата гол-линија од вардаровиот гол по одбрана на Гачевски, за да во 93. минута се заокружат и конечните 4-0 со голот на нововлезениот Јаровиќ, кој асистираше и на третиот гол на стружани.

Струга ТЛ сега е на само еден бод од водечките Шкупи и Шкендија на табелата, на која, пак, Вардар остана на последното место со 11 бода.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...