Лионел Меси пред неколку дена стигна до осмата „Златна топка“ во кариерата, уште еден аргумент плус во „вечната дилема“ дали Аргентинецот е најдобриот фудбалер на сите времиња или пак тоа е Кристијано Роналдо.
Големиот ас во кариерата освои буквално се што можеше да се освои, зад себе оставајќи бројки што тешко дека ќе можат да бидат достигнати од ривалите. Од многуте рекорди, издвојуваме шест кои е тешко за верување дека некогаш ќе бидат достигнати од некој друг фудбалер.
1. Неверојатни 91 гол за една календарска година, тоа му успеа на Меси во 2012 година, кога во дресот на Барса и на аргентинската репрезентација стигна до фантастични 91 погодок. Само заспоредба, Кристијано Роналдо (во 2013) и Роберт Левандовски (2021) во своите најдобри денови стигнуваа по 69 гола во една година, а Халанд на два месеци до крајот на оваа календарска година има „само“ 44 гола зад своето име.
2. Постигнати 82 гола во една натпреварувачка сезона, на Меси тоа му успеа во 2011/12, кога стрелаше прецизно неверојатни 73 пати за Барса (во сите натпреварувања) и уште девет гола постигна за Аргентина. Кристијано Роналдо во својата најдобра сезона (2014/15) броеше само до 66 (61 за Реал, пет за Португалија, ист ефект имаше и легендарниот Пеле во 1957/58, додека Герд Милер во својата најдобра сезона во кариерата (1972/73) постигна вкупно 67 гола за Баерн и за Германија. Дури 15 помалку од Меси.
3. Две децении голгетерите во ЛА Лига се обидуваа да го стигнат рекордот на Хуго Санчез од 38 гола во една натпреварувачка сезона. Од 2010 година, Меси и Роналдо по три пати ја минуваа оваа граница, но новиот рекорд го поседува токму Меси, со 50 погодоци. Роналдо најблиску стигна до 48, во сезоната 2014/15.

4. Лео Меси во својата најдобра сезона во кариерата беше стрелец на 19 натпревари во серија во ЛА Лига, низа што беше прекината по повредата што ја заработи (по повредата се врати и постигна уште два гола, па оваа серија може да се брои и како 21 меч со по најмаку еден постигнат гол). Бразилецот Роналдо, како и Кристијано Роналдо, имаат најмногу по десет меча во низа со голови во Ла Лига.
5. До појавувањето на Меси и Роналдо, најдобар стрелец во историјата на Ла Лига беше Сара, легендарниот напаѓач на Атлетик Билбао со 252 гола. Меси стигна до бројката од 474 погодоци и е убедливо прв во оваа категорија, со 163 гола предност во однос на Кристијано Роналдо. За споредба, Алан Ширер е најдобар стрелец во историјата на Премиер-лигата со 260 гола, Силвио Пиола во Серија А со 274 погодоци, додека Герд Милер постигна 365 гола во Бундес-лигата.
6. Бројот на Златни топки, Меси со овогодинешната има дури осум и тешко е за верување дека некој ќе го стигне ова остварување. Од активните фудбалери, Кристијано Роналдо има пет, но и тој е на залез на кариерата, а на третото место се Платини, Кројф и Ван Бастен со по три.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

