Висар Муслиу доби шанса од првата минута и македонскиот репрезентативец одигра одличен меч за Падерборн, предводејќи го својот тим до голема победа на гостински терен над прволигашот Фрајбург во рамките од Купот на Германија (1-3).
Фрајбург важеше за голем фаворит, но Муслиу и соиграчите одиграа одличен меч, по 50-ина минути игра поведоа со 0-3 и заслужено се пласираа во следната фаза. Токму од македонскиот дефанзивец и неговото долго додавање од сопствената половина почна акцијата со која Падерборн поведе во раната фаза на мечот, гол што им ја зголеми самодовербта на гостите кои на крајот стигнаа до голема победа.
Баер Леверкузен неочекувано се мачеше на гостувањето против нисколигашот Сандхаузен. Лидерот во Бундес-лигата славеше со 2-5, но мора да се истакне дека тимот на Чаби Алонсо головите за триумф ги постигнаa Хложек во 85. минута и Адли во 87. и во 92. минута.
Борусија Дортмунд по голема борба славеше со 1-0 над Хофенхајм, меч на кој човек на одлука беше Марко Ројс со гол во 42. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА