Тексас Ренџерс ја освои титулата во МЛБ лигата

За прв пат во историјата на 63-годишната франшиза, тимот на Тексас Ренџерс победи во Светската серија, а во финалето на плеј-офот на МЛБ ги совлада Аризона Дајмондбекс со 4-1. Тексас синоќа во Феникс стигна до решавачката победа откако славеше со 5-0.

На овој начин Ренџерс ја освои долгоочекуваната титула, по двете загубени финалиња во 2010 и 2011 година. За подвигот да биде уште поголем, трофејот во МЛБ лигата дојде по сезона во која Тексашаните загубија дури 102 натпревари.

Ова беше второ финале за Аризона Дајмондбекс, кои по поразот од Тексас останаа на една титула (2001).

Се вчитува...