Поранешниот возач во Формула 1, Фелипе Маса најверојатно нема да присуствува на Големата награда на Бразил во Сао Паоло.
Бразилецот е во војна со челниците на најбрзиот караван со кои е на суд. Сопственикот на 11 гран-при победи сака да го разгледа шампионатот во 2008 година кога ја загуби титулата од Луис Хамилтон за поен.
Фелипе смета дека е финансиски оштетен за неколку милиони евра кои би ги заработил како светски шампион. Посебно е нагласена трката во Сингапур во 2008 година, каде се тврди дека Нелсон Пике Јуниор намерно предизвикал судир по директива на тимот на Рено.
Во септември Маса беше советуван да не оди во Монца, а подоцна и на патеката Сузука во Јапонија. Постојат големи шанси тој да не биде присутен ниту на трката во родната земја.
„Никој не ме повика да бидам промотор или амбасадор на трката. Со оглед на се што се случува, мислам дека е најдобро да не бидам ниту во Сао Паоло“, изјави Маса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА