Италијанскиот тенисер Јаник Синер се повлече од Мастерсот во Париз. Четвртиот играч во светот околу три часот наутро го заврши мечот од второто коло против Мекензи Мекдоналд и на прес-конференцијата го навести ова сценарио.
Синер денеска околу 17 часот требаше да се сретне со Алекс де Минор во осминафиналето, а ова е уште еден голем срам за АТП кој дозволува натпревари да почнуваат и по полноќ.
Тој не сакаше да се вложи себеси и на крајот реши да се откаже од турнирот во Берси. Синер е во добра форма годинава, а минатата недела славеше и на турнирот во Виена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА