„Падна“ уште еден важен потпис во Реал Мадрид

Како што се очекуваше, после Винисиус, и Родриго го продолжи договорот со Реал Мадрид. Бразилскиот репрезентативец со новиот договор ќе остане во Мадриддо 2028 година, соопшти актуелниот вицепрвак на Шпанија.

Во соопштнието, очекувано, не се наведуваат финансиските детали на договорот, но шпанските медиуми јавуваат дека и Родриго ќе има откупна клаузула од 1 милијарда евра.

Родриго во 2019 година стгина во Реал Мадрид од Сантос за сума од 45 милион и евра. Тој досега одигра 179 натпревари и постигна 39 гола за мадридскиот клуб. Со мадридскиот клуб освои осум трофеи.

Се вчитува...