Поранешниот менаџер на Брајтон и на Челси, Грем Потер, наскоро би можел да има нова функција во фудбалот. Откако во последните неколку недели ги одби понудите од Лион и Глазгов Ренџерс, 48-годишниот тренер е еден од големите фаворити да стане селектор на репрезентацијата на Шведска.
Јане Андерсон поднесе оставка, откако стана јасно дека се загубени сите шанси за пласман на ЕП 2024 година, па така сега Шведска бара негов наследник. Генералниот секретар на федерацијата призна дека Потер е едно од имињата со кои ќе биде разговарано.
Англичанецот работеше во Шведска, во тимот на Остерсунг, а исто така и добро го зборува јазикот. Името на Потер беше поврзано и со Наполи, а во последно време и со Манчесте Јунајтед, откако е јасно дека Тен Хаг е блиску да добие отказ по серијата на очајни резултати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

