Манчестер Јунајтед не му дава отказ на Тен Хаг од „15 милиони“ причини

Раководството на Манчестер Јунајтед ќе мора да плати голема отштета ако се реши да му даде отказ на Ерик тен Хаг, кој се повеќе е мета на критики поради слабите резултати во сите натпреварувања. Отказот на Тен Хаг стана уште еднаш тема по вчерашниот дебакл на домашен терен во Карабао Купот од Њукасл.

Меѓутоа не е се така едноставно во евентуален отказ за Холанѓанецот. Ако се решат да го ослободат, треба да му исплатат неверојатни 15 милиони фунти на име отштета. Со тоа би се израмнил рекордот во плаќање на обестштетувања за предвремено раскинати договор на Жозе Мурињо, кој доби толку пари откако беше отпуштен во 2018 година.

Од заминувањето на Сер Алекс Фергусон, Јунајтед плати 38 милиони фунти на своите отпуштени тренери. Покрај 15-те милиони на Мурињ, клубот плати 8,4 за Ван Гал, 7,5 милиони за Солскер, и уште 7 милиони на Мојс.

Се вчитува...