Лампард се сели во Чемпионшип

Френк Лампард наскоро би можел да се врати на тренерската работа, и да се пресели во Чемпионшип. Екс тренерот на Челси од крајот на минатата сезона е без ангажман, откако го предводеше својот поранешен тим Челси, а сега е на добар пат да го презеде тимот на Бристол Сити.

Бристол има пет победи во 14 меча во Чемпионшип, и во моментов се наоѓа на 15-тото место на табелата. Токму од тука дојде до смена на тренерот Најџел Питерсон. Лампард е еден од најсериозните кандидати.

Ако замине во Бристол Сити, тоа ќе биде втор негов ангажман во Чемпионшип. Претходно го предводеше тимот на Дерби Каунти.

Се вчитува...