Играчот од средниот ред на Наполи, Пјотр Зелински преговра за трансфер во Јувентус. Сегашниот договор на полскиот репрезентативец истекува на крајот на сезоната, а преговорите за нов се во „ќорсокак“. Според италијанските медиуми, тој веќе имал прва средба со „бјанконерите“.
29-годишниот играч од средниот ред изминатото лето ги одби неколкуте понуди од Саудиска Арабија, и остана во Наполи. Освен Јувентус, за неговиот потпис е заинтересиран и Интер.
Зелински веќе седум години е дел од Наполи, за кого одигра преку 300 натпревари. Тој во минатото беше дел и од Удинезе и Емполи, а се чини дека сега ќе сврти нова страница во кариерата после седум сезони минати во дресот на Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

