Раководството на Ајакс поради историскиот најлош старт, го отпушти тренерот Маурицио Стеијн. Славниот холандски клуб се реши да го смени тренерот, и требаше на клупата да биде искусниот Хенк тен Кате. Меѓутоа 68-годишниот тренер го одбил Ајакс од необична причина.
Тренерот го одбил тимот поради тоа што треба да глуми полициски инспектор во серијата Sleepers.
Холанѓаните, сепак, сметаат дека тоа не е главната причина, туклу дека Тен Кате не секал да ја презеде клупата на Ајакс поради преголемиот притисок кој го носи водењето на овој тим. Во кариерата Тен Кате беше и во Ајакс во 2006 – 2007, и на 68 меча го водеше тимот.
Во меѓувреме Ајакс се одлучи да го постави Џон ван’т Схип за нов тренер на екипата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

